Фирмата АРХИЦЕЛ ДООЕЛ Охрид е плод и резултат на две семејни долги традиции во областа на градежништвото.Како логичен редослед на нештата се појави идеата за формирање на ова проектантско студио, основано од д.и.а Павлина Целеска.
Архицел е проектантско биро, специјализирано за проектирање на стамбени и деловни објекти,ревизија на проектна документација, надзор на градежни работи, изработка на ППЗ Елаборати,Елаборати за заштита при работа, Елаборати за заштита на човековата околина и др.
Основна дејност е проектирање на функционални,енергетско ефикасни и естетско високо квалитетни објекти.Како што е наведено и во нашата рефернтна листа имаме проектирано многу објекти на подрачјето на Општина Охрид но и во целата држава.
Нашата мисија е да обезбедиме иновативен дизајн, врвна услуга и да бидеме препознатливи по професионалниот однос кон нашите клиенти, за почеток во земјава, а понатака и во поширокиот регион.
Нашиот патоказ е да дизајнираме архитектура со хармонија, ритам и идентитет која ќе биде функционална, флексибилна и препознатлива.
Интересот на инвеститорот е во центарот на нашата работа.